Ние, ŠKODA AUTO a.s., со седиште на tř. Václava Klementa 869, Mladá Boleslav II, 293 01 Mladá Boleslav, Czech Republic, ЕМБС: 00177041, даночен број: CZ00177041, како што е заведено во Комерцијалниот регистар кој се води во Општинскиот суд во Прага, документ бр. B 332, ја подготвивме оваа Изјава за заштита на личните податоци за да ве информираме за тоа како ги собираме, обработуваме и користиме, и како ги штитиме вашите лични податоци, коешто ни помага и во заштитата на вашата приватност.
Ги обработуваме сите ваши податоци согласно важечката легислатива, примарно Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот, којашто се однесува на заштитата на сите физички лица во однос на обработката на личните податоци и на слободното пренесување такви податоци (Општа регулатива за заштита на податоци – „GDPR“), акт бр. 127/2005 Coll. за електронска комуникација согласно последните измени и акт бр. 480/2004 Coll. за одредени општествени информациски сервиси согласно последните измени.
Истовремено, би сакале да ја искористиме оваа изјава за заштита на личните податоци да ги појасниме најважните одредби и процеси што ги користиме за заштита на вашите лични податоци и да дадеме одговор на прашањата што можеби ги имате во врска со собирањето, обработката и чувањето на вашите лични податоци.
При обработката на вашите лични податоци, вложуваме напори да се придржуваме до сите пропишани и обврзувачки правила и безбедносни мерки; од таа причина, веруваме дека нема да се појави ниту една ситуација од којашто би биле незадоволни како последица од нашето однесување во врска со тоа.
Ако не се согласувате со начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, можете да стапите во контакт со:
Канцеларијата за заштита на лични податоци
(Úřad pro ochranu osobních údajů)
Pplk. Sochora 27
170 00 Prague 7
Czech Republic
+420 234 665 111
www.uoou.cz
Гледаме на заштитата на личните податоци како суштинска и посветуваме значително внимание на неа.
Така, можете да бидете сигурни дека ги обработуваме вашите податоци со сета должна почит и согласно важечките правни регулативи и дека ги штитиме во максимален опфат согласно најновите технички постигнувања.
За целосно да разберете како ги штитиме вашите лични податоци, препорачуваме внимателно да ја прочитате оваа Изјава за заштита на личните податоци.
При обработката на вашите лични податоци, се придржуваме до следните принципи:
Доколку се појави нејаснотија со кој било дел од оваа Изјава или доколку имате прашања или коментари во врска со заштитата на вашите лични податоци, не двоумете се да стапите во контакт со нашето службено лице за заштита на податоци:
Личните податоци се информации коишто ни овозможуваат да ве идентификуваме. Според тоа, тие вклучуваат информации коишто се специфично карактеристични за вас.
Личните податоци не опфаќаат анонимни или збирни податоци, односно податоци коишто не може јасно да се поврзат со вас.
Личните податоци се класифицираат како:
Основните податоци понатаму се делат на поединечни категории; список за тоа можете да пронајдете во поглавје „15. Категории лични податоци“.
Вашите лични податоци ги добиваме од вас и ги обработуваме само во однос на потребните аспекти и за да постигнеме одредена намера. Преносот на вашите лични податоци е доброволен и кога нивното пренесување се заснова на согласност, може да побарате бришење на обработените лични податоци кога ќе се постигнат одредени услови (за детали погледнете во поглавјето „10. Вашите права“).
Во одредени случаи, како при склучување на договор за купување на наши добра или услуги, потребни ни се вашите лични податоци во потребниот опсег за цел порачка на тие добра или услуги. Без овие податоци, не можеме да ги постигнеме вашите барања и да го склучиме договорот со вас, примарно во поглед на усогласеноста со нашите правни обврски и во однос на заштитата на нашите легитимни интереси.
Долу ги наведуваме правните основи пропишани со легислативата со кои сме овластени да ги обработуваме вашите лични податоци. Главните основи за обработка на вашите лични податоци го вклучуваат следново:
До одреден степен, се користи следната основа за обработка на вашите лични податоци:
За детали околу методите што ги користиме за обработката на вашите лични податоци, погледнете ја:
http://ww.skoda-auto.com/data-privacy/personal-data-processing
Како што дискутиравме во поглавјето „6. Правна основа за обработка на вашите лични податоци“, важно е да имаме правна основа за секоја обработка на вашите лични податоци.
Долу ќе пронајдете примери за ситуации во кои најчесто ќе ги бараме вашите лични податоци, како и правната основа за нашето барање:
Се грижиме за заштитата на вашите лични податоци со сета должна почит; од таа причина, се придржуваме до долунаведените технички и организациски мерки, притоа гарантирајќи ја безбедноста на вашите лични податоци. Мерките вклучуваат:
Личните податоци никогаш не би биле целосно заштитени доколку немавте право тие да бидат заштитени. Долу ќе пронајдете список со вашите права во однос на заштитата на личните податоци заедно со практично објаснување за тоа како тие се употребуваат:
IВо случаи кога ни ги давате вашите лични податоци, на пример, при купување на нашите добра или услуги, кога комуницирате со нас низ нашите маркетиншки кампањи или кога ни поставувате прашања, или кога поднесувате поплака во врска со добрата или услугите, ние се справуваме со вашите барања од позиција на контролор на вашите лични податоци.
Како контролор на лични податоци, ние ја одредуваме намерата и средствата за обработката на вашите лични податоци.
Обработката ја вклучува секоја операција поврзана со вашите лични податоци, на пример, нивно собирање, обработување, организирање, структурирање итн.
Како контролор на вашите лични податоци, ние истовремено сме одговорни за усогласување со сите обврски и принципи во однос на заштитата на личните податоци, примарно за тоа да имаат доволна заштита. Ако е нарушена безбедноста на вашите лични податоци, нешто што секогаш се трудиме да го спречиме, обврзани сме да ја известиме службата за заштита на лични податоци за тоа во рок од 72 часа.
Доколку нарушувањето на безбедноста на вашите лични податоци вклучува значителен ризик, обврзани сме и со вас да искомуницираме за тоа со предвид дека поседуваме ажурирани информации за контакт со вас.
Обработувачот е ентитет кај кого ние, како контролор, ги пренесуваме вашите лични податоци и којшто понатаму ракува со нив согласно упатствата дадени од нас. Тоа, на пример, може да биде некој од нашите деловни партнери, обично надворешни маркетинг агенции коишто во наше име ви испраќаат комерцијални и маркетиншки пораки.
За да загарантираме дека се ракува со вашите лични податоци согласно важечката легислатива и дека се доволно обезбедени, склучуваме пишан договор со обработувачот за обработка на личните податоци.
Правилата за споделување на вашите лични податоци со обработувачите се поделени на две основни категории.
Првата категорија вклучува споделување на лични податоци во рамките на Европската унија и на Европската економска заедница, додека втората категорија вклучува споделување со трети земји надвор од територијата на Европската унија и на Европската економска заедница и споделување со меѓународни организации.
За да можеме да ги споделуваме вашите лични податоци со обработувачи во Европската унија и во Европската економска заедница, се грижиме тоа да вклучува:
Кога се споделуваат вашите лични податоци со трети земји надвор од Европската унија и на Европската економска заедница и меѓународни организации, се споделуваат исклучиво на основа на стандардни договорни клаузули, односно според образец за договор издаден од Европската комисија и ќе вклучува само ентитети базирани во земји коишто гарантираат соодветна заштита на личните податоци согласно резолуцијата на Европската комисија. Меѓу трети земји со коишто може најчесто да бидат споделувани вашите лични податоци спаѓаат Народна Република Кина, Индија и Руската Федерација.
Вие сте субјект на податоците исклучиво како физичко лице; правната регулатива во однос на заштита на личните податоци не се однесува на правни лица, кооперативи, асоцијации итн.
Согласно оваа правна основа, може да ве вклучиме во две основни групи. На првата група гледаме како на наши клиенти. Кога ги обработуваме вашите лични податоци како дел од склучување и изведба на договор со цел купување и користење на нашите добра и услуги, вие станувате наш клиент.
Втората група на субјекти на лични податоци што ги обработуваме е групата на трети лица. Вие станувате трето лице кога ќе ни дадете согласност за маркетиншки цели или кога ја користите нашата веб-страница без да станете наш клиент. Ако сакате да знаете кога и под кои услови може да дознаете за тоа до кој опсег ги обработуваме вашите лични податоци, прочитајте го поглавјето „10. Вашите права“, во кое се објаснети поединечните процедури и нивните услови.
чувствителни податоци
податоци од посебна природа, како информации за вашето здравје или биометриски податоци со коишто може да ве идентификуваат како лице (истовремено нарекувани во легислативата како „посебни категории на лични податоци“).
колачиња
кратки текстуални датотеки коишто ги испраќа веб-страницата што сте ја посетиле до вашиот прелистувач. Со нив можеме да запишуваме информации за вашата посета, на пример, за јазикот на којшто сакате да ја користите веб-страницата или за други поставки. На тој начин, вашата следна посета е попродуктивна и полесно ја користите веб-страницата. Датотеките на колачиња се важни. Без нив, прелистувањето на интернетот би било многу посложено.
легитимен интерес
интересот на контролорот или на трета страна, на пример, во ситуација кога субјектот на податоците е клиент на контролорот, сепак со исклучок на случаи кога интересите на субјектот или на неговите/нејзините фундаментални права и слободи имаат предност пред овие интереси.
лични податоци
информации за специфична личност којашто може да се идентификува со нив.
примател
лицето до кое се испраќаат податоците.
услуга
која било од услугите што ви ги нудиме, вклучувајќи производи и услуги нудени преку интернет и нивни промоции.
контролор
ентитет којшто ја одредува намерата и средствата на обработка на личните податоци; контролорот може да овласти друг обработувач да ја изврши обработката на податоците.
субјект на податоци
човек со кој се поврзуваат личните податоци.
намера
причината поради која контролорот ги користи вашите лични податоци.
добра
производот што го купувате од нас, обично автомобил, но и апликација за вашиот мобилен телефон.
обработка
активност на контролорот или обработувачот во однос на личните податоци.
обработувач
ентитетот којшто ги обработува личните податоци за контролорот.
Подолу ќе пронајдете индивидуални категории на лични податоци и објаснување на специфичните податоци што се вклучени во нив.
Идентификациски податоци:
име, презиме, моминско презиме, name, титула, пол, јазик, престојувалиште, трајно живеалиште, датум и место на раѓање, датум на смрт, државјанство/националност, идентификатор за личност (назначен од компанијата), тип документ, број на дипломатски пасош, број на лична карта, корпоративна идентификација, даночен број, осигурителен број, број на возачка дозвола, број на пасош, датум на истекување на документот, податоци и место на издавање на документот, фотографија од лична карта, детали за најавување во апликацијата, датум на потекло/откажување на записот, број на вработен, работодавец, работна позиција, број на новинарски акредитиви, потпис.
Контактни информации:
адреса за кореспонденција, адреса на работно место, телефонски број, број на факс, адреса на е-пошта, контактни информации од друштвени мрежи.
Психолошки карактеристики:
која било информација за карактерот/личноста/умствената состојба/расположението.
Физички карактеристики:
какви било физички карактеристики (боја на коса, очи, височина, тежина итн.).
Профили на опасности:
сајбер опасност, опасност од перење пари, опасност од измама, опасност од терористичко финансирање, опасност од ембарго и други безбедносни опасности.
Информации за семејството и други лица:
брак, партнерство, брачен статус, број на деца, информации за домаќинството, име и презиме на дете, датум и раѓање на дете, информации за друго лице (роднини и лица во други односи).
Описни податоци:
социјален статус (студент/вработен/самовработен/лице без приходи), работни функции и работно искуство, вештини, образование, квалификации, животен стил, навики, слободно време и патување, членување во, на пример, хуманитарни или доброволни организации, информации за областа каде што живее субјектот на податоците, информации за живеалиштето, важни моменти во животите на субјектите (преселба, добивање возачка дозвола), здравствено осигурување, лиценца за огнено оружје (да/не), леворак/деснорак, број на EHIC, претпочитан препродавач, копија од документ за боледување, сегментација.
Копија од лична карта или друг јавен документ:
копија од лична карта, копија од пасош, копија од пасош, копија од инвалидска картичка или од лицето со сериозен хендикеп и придружна картичка, копија од возачка дозвола, копија од дипломатски пасош, број на раѓање.
Информации за расата или етничкото потекло:
раса или етничко потекло.
Политички погледи:
политички погледи.
Информации за верски или филозофски погледи:
верски или филозофски погледи.
Информации за членство во синдикати:
членство во синдикати.
Податоци за гените:
податоци за гените.
Биометриски податоци:
биометриски податоци (потпис, фотографија).
Информации за криминални пресуди и криминални дејства или за слични безбедносни мерки:
информации за криминални пресуди и криминални дејства или за слични безбедносни мерки.
Здравствени податоци:
физичко здравје, ментално здравје, ризични ситуации и опасно однесување, сериозен хендикеп, сериозен хендикеп и потреба од придружба, крвна група, информации здравствена нега, информации за сексуалниот живот или ориентација.
Плата и слични податоци:
плата/парична награда, компензација за плата, просечна заработка, бонуси/користење бенефиции, кратења на плата, начин на добивање плата, трошоци, број на приватна сметка, користење на внатрешни извори, осигурување, даноци и одбитоци, изјава за даночен обврзник, враќање данок и слични документи, информации за средства на вработено лице.
Кратка биографија, мотивациски писма и податоци од процеси на регрутација/вработување:
Кратка биографија, мотивациско писмо и резултати од процеси на регрутација/вработување.
Информации за работата:
работна позиција, трошковен центар, постаро вработено лице, работни часови и национален празник, одмор, боледување, трудничко/родителско боледување, пауза во кариерата, присуство, настани, календар, домашна канцеларија, работа од дома, информации за деловни патувања и други промени во статусот на вработување, дневна програма/запис за број на сработени часови, доверени уреди и други предмети од вредност, средства од полето на информатичка технологија, број на сработени часови, завршени обуки, права на пристап, запис на повреди здобиени на работното место, работа за трета страна, добиени или направени донации.
Процена и слична комуникација:
повратно мислење од вработени лица, одговори во анкети, поплаки/сугестии/предлози/барања/прашања и справување со нив, барања за сервисирање, процени, внатрешни санкции, самопроцена, лични цели и клучни индикатори за перформансот.
Други идентификациски и контактни информации за вработено лице:
број на картичка за вработено лице, права на пристап/ID2/идентификација на корисник, работна е-пошта, работен телефонски број, лозинки во внатрешни информатички системи, пристап/записи за внатрешни информатички системи – VPN конекција, информации за вработени лица од групата.
Трансакциски податоци:
број на банкарска сметка, број на дебитна/кредитна картичка, овластувања/полномоштва, датуми на трансакции, број на трансакции.
Историја на тргување:
трансакции и договори вклучувајќи слични информации, понуди/барања за деловни можности, предмет, датум и место на трансакцијата, потсетници, информации за тргувања во групата.
Деловен профил:
деловен профил добиен од аналитичко моделирање, ВИП и слични назнаки, намера за купување автомобил (кога, што и финансирање), интерес за тест-возење, платежна способност.
Информации за внатрешна контрола и истрага:
записи од внатрешна истрага, случаи на свиркачи, внатрешни системски записи, записи во однос на користењето интернет/операции, записи во однос на користењето услуги/операции на е-пошта, записи во однос на користењето телекомуникациски средства/операции.
Записи од безбедносни системи на надгледување:
записи од безбедносни системи на надгледување.
Записи од влезни уреди:
записи од влезни уреди.
Информации за движења во простории:
информации во книгата за гости.
Фотографии/видео:
фотографии, видео.
Гласовни снимки:
гласовни снимки.
Комуникација, интеракции и профили добиени од овие податоци:
разговори на интернет (инстант-пораки), конверзации, комуникација преку е-пошта, однесување или прелистување/кликнување/пребарување и слушање/прелистување на интернет/е-пошта/медиуми/апликации, информации добиени преку повратни мислења/анкети/коментари/сугестии/поплаки во врска со контролорот, одобрување/неодобрување на типот на форма на комуникација.
Технички информации за производот:
VIN, регистрација, информации за начинот на користење на средството (пр. возилото), информации за сопственоста на возило, информации за посети на сервис, технички опис на средството (пр. бојата на возилото).
Податоци за локализирање:
податоци за локализирање на основа на GPS, технологија на испраќање сигнали, локализација добиена од други операции (пр. плаќања со картичка кај трговецот на неговата локација).
Идентификатори на мрежа:
Mac адреси, IP адреси, уреди за отпечатоци, колачиња и слична информатичка технологија за прелистувачи.
Информации за текот на студиите:
форма, поле на изучување, оценки, студентска евалуација, работно искуство.